Се ставам на располагање, нема да молчам, но не се чуствувам за виновен, изјави пред судот таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Тој потиштен, и со едвај разбирлив глас изусти дека не се чуствува виновен за грабнувањето и смртта на неговата ќерка.
Неговиот адвокатот Владимир Туфегџиќ порача дека таткото на Вања нема никаква вина.
Александар е жртва и тоа ќе го докажеме. Имал целосна грижа за децата иако биле разведени со мајката на нивните деца. Ќе докажеме дека Александар не ги познавал, останатите обвинитети ниту пак имал умисла за актот што го сториле подоцна. Александар наместо да биде оштетен бил жртва на тортура со цел да, признае дека го сторил делото, рече адвокатот.
И првообвинетииот Љупчо Палевски изјави дека го разбира обинението, но оти не се чуствува за виновен.
И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни.
Претходно обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес, но судијата одби.