„Ако не постои одлука, исто како да не се случил скандалот со разрешувањето на Дамева“

Може ли претседателката на Судски совет Весна Дамева да свика седница со точка на дневен ред и да се постави прашање за нејзино разрешување? На ова професорката Ана Павловска Данева во вчерашната „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека правнички гледано, таа сè уште е актуелна претседателка на Судскиот совет.

Ние никаде не видовме одлука за нејзино разрешување. Слушнавме дека министерот за правда го барал записникот, записник веројатно постои меѓутоа дали постои одлука и дали е таа одлука потпишана од неа, како легитимен претседател и претседавач на совет. Ако не постои одлука, значи исто како да не се случил овој скандал, вели Павловска Данева.   

Слични објави