Адвокатот Панче Тошковски ќе биде нов технички министер за внатрешни работи, изјави Мицкоски

од Вести365.МК | М.Т.

Министер за внатрешни работи во техничката влада, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде Панче Тошковски, соопшти Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во Топ Тема на ТВ Телма.

Вториот министер по предлог на опозицијата во техничката влада ќе биде Ѓоко Велковски во ресорот труд и социјална политика.

Тошковски е адвокат по професија, доаѓа од Велес и во минатото го има застапувано и ЕСМ (Електрани) во период кога со компанијата директоруваше Мицкоски. Велковски, пак, краток период мина на функцијата Генерален секретар во Град Скопје, пред да биде разрешен од градоначалничката Данела Арсовска.

Слични објави