Хирошима: 80 години од атомската бомба

од Вести365.МК Ј.Р.

Во западниот дел на Јапонија, градот Хирошима денес го одбележа 80-годишниот јубилеј од атомското бомбардирање извршено од Соединетите Американски Држави во 1945 година, пренесуваат светските медиумски куќи.

Точно во 8:15 часот по локално време, во градот се одржа едноминутно молчење, во знакот на сеќавање на моментот кога пред 8 децении атомска бомба беше фрлена врз јапонскиот град.

Бомбардирањето на Хирошима на 6 август 1945 година го спoпaднa градот и одзеде животи на 140.000 лица. Втората бомба, која падна врз Нагасаки три дена подоцна, предизвика смрт на уште 70.000 луѓе.

Јапонија капитулираше на 15 август, со што стави крај на Втората светска војна.

Атомските бомбардирања, кои го забрзаа завршетокот на Втората светска војна, остануваат единствениот пример во историјата кога нуклеарно оружје било искористено во војна.

Со наглото смалување на бројот на преживеани, чија просечна возраст веќе ја надмина границата од 86 години, овој јубилеј се смета за последен значаен настан за многу од нив.

-Ни истекува времето и се соочуваме со поголема нуклеарна закана од кога било”, се вели во соопштението од Нихон Хиданкјо, јапонска граѓанска организација на преживеани, која минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за својата иницијатива за укинување на нуклеарното оружје.

-Нашиот најголем предизвик сега е да ги промениме државите со нуклеарно оружје кои реагираат на нас со рамнодушност”, додаде организацијата.

На свеченостите по повод годишнината присуствуваа претставници од повеќе од 100 држави.

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и други официјални претставници положија венци на споменикот посветен на жртвите.

Преживеаните од бомбардирањето и нивните фамилии започнаа да им оддаваат почит на жртвите.

Слични објави