Куќата и канцеларијата на Марија Мајер и Лудвиг Гиш во Љубљана беа цел на тајна координирана операција на словенечката полиција и разузнавањето во декември минатата година. Акцијата уследи по откритието дека парот со две деца не се имигранти од Аргентина, како што тврдеа, туку руски државјани. Според словенечките медиуми во јануари годинава тие се „илегалци“, односно шпиони кои работат по наредба на руската разузнавачка агенција. Тврдењето за руско државјанство го потврди и словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Портпаролот на полицијата Драго Менегалија потврди дека се работи за шпиони. Во акцијата се уапсени, а децата се предадени на социјалните служби. При претресот на куќата и станот полицијата пронашла поголема количина парични средства.
Парот дошол во Љубљана со две деца во 2017 година, тврдејќи дека се имигранти од Аргентина. Повеќето познаници ги опишаа како пријателски настроени и „обични“ луѓе. Мајер отвори онлајн уметничка галерија, а Гирш проект за ИТ стартап. Соседите ги опишуваат како најобично семејство, чии деца се слушале како си играат во дворот, викајќи си меѓу себе на шпански.
Таканаречените „илегалци“ се шпиони кои работат без видливи врски со Москва. Тие поминуваат низ години обука за да можат да имитираат странци и потоа се испраќаат во странство за да собираат информации. Многумина имаат семејства и деца кои не се свесни за вистинскиот идентитет на нивните родители. Спротивно на тоа, „легалните“ шпиони се претставуваат како дипломати во руските амбасади. Ниту едно апсење на шпиони кои работат за руската разузнавачка агенција СВР не е јавно потврдено од 2010 година, кога ФБИ уапси група од 10 оперативци во САД. Додека течат подготовките за судењето, во заднина се водат преговори за размена на пари за лицата кои се притворени во руските затвори. Словенија, која е во Шенген, но има послаба контраразузнавачка служба од другите западни земји, може да претставува совршена база за оперативците, од кои тие можат да се движат низ Европа без гранични проверки. Изворот на Гардијан тврди дека најголем дел од активностите на уапсениот пар се одвивале надвор од границите на Словенија, пишува The Guardian.
Познато е дека Мајер барем во два наврати посетила саеми за уметност во Загреб и повеќепати патувала во Британија, каде организирала изложба. Не е познато дали целта и биле уметничките кругови или ја искористила работата за да ги прикрие своите активности. Уметниците од Загреб кои ја запознале во ноември минатата година велат дека разговарале и се шегувале и разменувале контакти. Гиш патувал на саеми за технологија во Германија.
Имаше неколку индиции дека се дел од мрежата на „илегалци“ на СВР. Набргу по нивното апсење, една жена побегна од Атина, а еден маж од Рио де Жанеиро, а грчките власти веруваат дека станува збор за шпиони кои верувале дека апсењето во Словенија може да ги открие нивните активности. Поранешниот директор на разузнавачката служба СОВА, Јанез Штушек, изјави дека активностите за потрага по „илегалци“ се засилени, а тие се особено под лупа од почетокот на инвазијата на Украина. Министерката Фајон во четвртокот рече дека е продолжено времето што уапсениот пар ќе го помине во притвор и го покани рускиот амбасадор во Словенија да разговара за случајот. Според извори на британските медиуми, парот не открил релевантни информации додека бил во притвор.