За Касами Тетово е главен град на албанците во Македонија

од Вести365.МК | Е.Д.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами објави фотографии со негови колеги од Косово и Србија на кои денеска им беше домаќин, на кои објави „Тетово е главен град на албанците во Македонија“. Описот на објавата го осудија од Либерално демократската партија..

„Најостро ја осудуваме скандалозната објава на лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Касами, во која на социјалната мрежа фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Македонија“, велат од партијата и додаваат дека Македонија е мултиетничка држава, а Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.

Слични објави