Лука Дончиќ, е убедливо најдобриот играч на Далас Маверикс, како вистински лидер одигра одличен натпревар против Шарлот Хорнетс, но неговата нервоза беше јасно видлива. Во повеќе наврати, Словенецот покажуваше видна фрустрација и реагираше бурно на одредени ситуации. На прес-конференцијата по натпреварот со Шарлот, Дончиќ призна дека има приватни проблеми, кои се поголеми од спортот кој го сака.
„Многу сум фрустриран, мислам дека тоа се гледа и на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку само стојам на теренот. Порано уживав и се смеев во играта, но сега сум фрустриран поради разни причини, не само кошаркарски. Многу работи ми се случуваат и надвор од теренот кои се поголеми од кошарката, ама не сакам да зборувам за приватниот живот“, кажа Дончиќ.
Инаку пред овој натпревар кој се одигра во „Американ Еирлајнс Центар“ пристигна со оригинална маичка на која пишуваше „All i need is suvo meso and rakijа“ или „Сè што ми треба е суво месо и ракија“, а потоа ја носеше и на прес-конференцијата по мечот.
