Карим Бензеза во 78. минута го постигна единсвениот гол на вчерашната пресметка меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во вториот осминафинален дуел. Набрзо францускиот напаѓач мораше да го напушти теренот.
Бензема доби незгоден удар пред да го постигне победничкиот гол со што дефинитивно се реши прашањето за четвртфиналето во Лигата на шампиони. Само четири минути подоцна Карло Анчелоти мораше да го извади од игра, што навистина ги загрижи навивачите на Реал.
Овој тим веќе во недела го очекува големото дерби против Барселона на стадионот „Камп Ноу“, кое би можело да го реши прашањето за шампионот на Шпанија.
Барселона моментално има девет бода повеќе од Реал Мадрид и доколку кралскиот клуб не слави во „Ел Класико“, се чини дека нема да има со што да ја брани шампионската титула.
Навивачите на Реал беа многу загрижени за повредата на Бензема бидејќи знаат дека се многу ослабени без него. Сепак, Французинот веднаш по натпреварот се огласи и ги воодушеви навивачите.
„Ел Класико? Ќе бидам таму и ќе играм“, изјави Бензема и ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид.